еМагазин
Image default
Локално

МВР во „лов“ на мотоциклисти: Се вози без дозвола, без кациги и без регистрација

На 30.07.2020 во периодот од 20.00 часот до 02.00 часот на 31.07.2020 СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возачи на мотоцикли. Од извршената контрола откриени се вкупно 38 прекршоци, и тоа: 16 во Штип, седум во Кочани, три во Пробиштип, два во Виница, три во Делчево, два во Берово, пет во Свети Николе, информира МВР.

Од нив пет управувале без возачка дозвола, пет биле со измината важност на регистрацијата, еден нерегистриран, 24 поради неносење на кацига и три останати прекршоци.

За сите прекршоци сторени од страна на возачите на мотоцикли изречени се соодветни санкции. Eвидентирани се и 11 други сообраќајни прекршоци и за нив се изречени соодветни санкции.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Тетово добива државен студентски дом за 300 студенти, еве како изгледа

Редакција

(Фото) Жители на Галичник побарале помош, на патот имало наноси од снег високи до шест метри

Редакција

Седумгодишното дете кое загина во пожар во зграда во Гостивар било врзано со ланец на нозете, открива Обвинителство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница