еМагазин
Свет

Интерпол: Криминалците го користат Ковид-19 за компјутерски напади на поголеми жртви

Интернет-криминалците ја користат пандемијата на коронавирус за да ги префрлат целите за компјутерски напади од поединци и мали бизниси кон големи корпорации, влади и критична инфраструктура, соопшти Интерпол.

Меѓународното тело соопшти дека неколку земји пријавиле малициозен софтвер, напади врз влади и болничка и медицинска инфраструктура, што веќе биле во неволја поради здравствената криза предизвикана од коронавирусот.

Полициските истраги покажуваат дека повеќето напаѓачи точно ја проценуваат максималната сума што може да ја побараат од нападнатите компании и организации, нагласуваат од Интерпол.

– Киберкриминалците развиваат и ги интензивираат нападите со алармантна стапка, искористувајќи го стравот и несигурноста предизвикани од социјалната и економската состојба поради Ковид-19, предупреди генералниот секретар на Интерпол, Јурген Сток.

Организацијата соопшти дека натамошно зголемување на стапката на компјутерски криминал е „многу веројатно во блиска иднина“, особено поради ранливоста предизвикана од работа од дома.

Неточни информации за Ковид-19 се исто така причина за „зголемена загриженост“ во повеќе од 20 проценти од државите што одговориле на истражувањето за компјутерски криминал, додава Интерпол.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избори во САД: Кој ќе биде нов претседател, Камала Харис или Доналд Трамп?

Редакција

Израел и Хамас се договорија за четиридневен прекин на огнот и ослободување на дел од заложниците

Редакција

Кој е Џо Бајден, новиот претседател на САД

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница