еМагазин
Image default
Локално

Дебрани и жители од Пешкопеја физички се пресметувале во центарот на Дебар

Двајца жители на Дебар и двајца на соседниот албански град Пешкопеја нешто по полноќ физички се пресметувале во центарот на Дебар,нарушувајќи го јавниот ред и мир.

„Денеска во 00:10 часот, пред угостителски објект лоциран на улицата „8 Септември“ во Дебар, нарушен е јавниот ред и мир со вербална расправија меѓу двајца дебрани и двајца жители на Пешкопеја, Република Албанија. Расправијата преминала во физичка пресметка помеѓу Д.З.(29) и С.Л.(29), двајцата од Пешкопеја, од една, и С.Ц.(26) и И.М.(26), двајцата од Дебар, од друга страна“, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додаде дека против четворицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Димоски информираше и во врска со непочитувањето на мерката носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.

Според него, во изминатото деноноќие, на подрачјето кое го покрива дебарското одделението за внатрешни работи, полициските службеници констатирале осум прекрошоци, за што им се издадени прекршочни платни налози.

МИА/Фото: Општина Дебар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Срамота: Осум илјади литри масло за греење украдени од Специјалниот завод во Демир Капија

Редакција

Приведени полицајци кои без заштита се забавувале во Куклица

Редакција

Со „Поло“ удрил во деветгодишно дете

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница