еМагазин
Image default
Бизнис

ГП „Евзони“ за влез во Грција ќе биде затворен за патници и возила по осум часа дневно до 15 август

За влез во Грција на ГП „Евзони“ од денеска до 15 август во периодот ид 22 часот навечер до шест часот наутро, нема да се пропуштаат патници, патнички и товарни моторни возила, а за излез соообраќајот ќе се одвива нормално и ќе се пропуштаат сите патници.

Како што соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи, за промената на работното време грчката гранична служба на ГП „Евзони“ ја информирала нашата гранична служба на ГП „Богородица“.

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Богородица“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премини „Евзони“, информирани сме дека за влез во Република Грција почнувајќи од денеска 07.08 (петок) во периодот од 22.00 до 06.00 часот (по македонско време) воопшто нема да се пропуштаат патници, патнички моторни возила и товарни моторни возила, додека за излез од Република Грција, сообраќајот ќе се одвива нормално и ќе се пропуштат сите патници, патнички моторни возила и товарни моторни возила. Мерката ќе важи во горенаведениот термин до 15.08.2020 (сабота)“, соопшти МВР.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Делукс-ауто“ го доби тендерот на Државниот просветен инспекторат за набавка на два автомобили вреден 24.000 евра

Редакција

ЕСМ Продажба ги подготвува договорите за снабдување со струја на компаниите и школите

Редакција

ТТК Банка со зголемена добивка во првите шест месеци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница