еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти, информираат од Министерството за здравство.

Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема на механичка вентилација.

„Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, и 6 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 73 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 137 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: 239 оздравени пациенти од корона вирусот

Охриѓанец почина од корона вирусот

Нови 139 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анкета: Најголем непријател на Македонија е Бугарија, „францускиот предлог“ неприфатлив за мнозинството од граѓаните

Редакција

По ставот на Европската агенција за лекови: Вакцината „АстраЗенека“ во Македонија нема да се дава на лица под 60 години

Редакција

Мицкоски предлага лустрација на сите политичари, почнувајќи од него па до Заев

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница