еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Од утре за влез во Србија ќе ни треба негативен ПЦР тест

Од утре за влез во Србија на македонските граѓани ќе им треба негативен ПЦР тест за Ковид-19, не постар од 48 часа, одлучи тамошниот Кризен штаб.

Одлуката се однесува на лицата кои доаѓаат во Србија од Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија, изјави за „РТС“ епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Истовремено е одлучено и да бидат стопирани рестрикциите кои се однесуваат за граѓаните на Црна Гора.

ПЦР тест не е потребен на државјаните на Србија кои доаѓаат од овие држави.

И на српските граѓани кои доаѓаат во Македонија им е потребен негативен ПЦР тест, но не и за транзит низ државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора од утре ги отвора границите за македонските граѓани, најверојатно со негативен ПЦР тест

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Маричиќ, Тренчевска, Костадиновска Стојчевска на Парадата на гордоста во Скопје

Редакција

Македонија ќе треба да и плати отштета на Бекташиската заедница

Редакција

Откриен склад со гориво во близина на дискотеката во Кочани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница