еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Ве водиме на Смоларски и Колешински водопади: Планината Беласица одлична летна дестинација во време на Ковид-19

Во време на пандемија, кога патувањето надвор од државата е комплицирано и во некои држави сосема невозможно, убаво е да ја истражиме Македонија и нејзиниот убавини. Она што ова лето не смее да се пропушти е да се видат Колешински и Смоларски водопади, лоцирани во подножјето на планината Беласица.

Природата во тој дел од Струмица е создадена за уживање и дишење со полни гради, бидејќи концентрацијата на кислород е она што ни треба за подобрување на имунитетот.

Во подножјето на Смоларскиот водопад се наоѓа и ресторанот „Атлантис“, кој совршено се вклопува во целиот природен амбиент на планината Беласица. Летниковците се направени од дрво, дрвените маси и клупи се претопуваат во недопрената природа и жуборот на водата.

Имаат вкусна храна, посебно салати кои се направени од сезонски зеленчук, кој се одгледува во струмичкиот крај. Цените, се сосема пристојни.

Имајќи ја предвид големината на просторот, местото овозможува беспрекорно почитување на здравствениот протокол за заштита од корона вирусот.

Она што не смеете да го пропуштите секако е посетата на Смоларскиот водопад, кој се наоѓа на надморска височина од 630 метри. Тој е единствениот постојан водопад во Македонија со пад на водата од 39,5 метри. Тој е формиран на северните падини под долниот дел на реката Ломница.

Околината на водопадот е позната како место со најмногу кислород во регионот, а пешачката патека е идеално место за рекреација.

Колешинските водопади пак се помали од Смоларските и до нив се стигнува за пократко време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Што се сте подготвени да направите за пари: Ја гледавте ли новата хит-серија Squid Game?

Редакција

Боки 13 поднесе пријави против актуелни и поранешни функционери

Редакција

Бугаринот кој нудеше 200 евра за идентитетот на македонски полицаец го избриша постот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница