еМагазин
Image default
Македонија

Во Охрид 78 активни случаи на коронавирусот, во Струга двојно повеќе

Неделниот билтен на Центарот за јавно здравје во Охрид, што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека во периодот од 8 до 14 август лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај 15 лица од Охрид, 31 лицe од Струга и 13 лица од Дебар.

Во Охрид има 78 активни случаи на коронавирусот, во Струга 169, а во Дебар 65. Во овој период оздравени се 18 лица од Охрид, 51 лица од Струга и 68 лица од Дебар.

Изминатата седмица се регистрирани два смртни случаи поврзани со Ковид-19, по една жртва во Охрид и во Дебар.

Кога станува збор за вкупниот биланс од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден Ковид-19 е регистриран кај вкупно 1.036 лица во овие општини и тоа 309 лица во општините Охрид и Дебрца, 503 лица во општините Струга и Вевчани и 224 лица во општините Дебар и Центар Жупа.

Оздравени пациенти од Охрид се 223, од Струга се 304, а од Дебар и Центар Жупа се 150 пациенти.

Црниот биланс е девет починати лица во охридско, 44 во Струшко, седум во Дебар и Центар Жупа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето на Јанкулоска за набавката за луксузниот мерцедес

Редакција

Секој пратеник сам треба да си одлучи дали ќе се вакцинира или не, вели Џафери

Редакција

Обвинителство побара затворска казна за Рашковски и да му се забрани да биде професор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница