еМагазин
Македонија

Три нови случаи на Ковид-19 во Делчево

Три нови случаи на Ковид-19 во Делчево. Како што соопштија од Здравствениот дом во Делчево, од вкупно 10-те тестирања кои поради контактите на веќе заразените беа направени за присуство на Ковид-19 во петокот, како позитивни на тестот биле тројца пациенти, еден тест е негативен, додека за шест тестови резултатите допрва ќе бидат соопштени.

-Новите тројца пациенти, кај кои е утврдено присуство на Ковид-19 се асимптоматски случаи и се во добра здравствена кондиција. Едно лице од тестираните е негативно, додека за останатите шест тестови допрва ќе бидат соопштени резултатите.

Денес дополнително се направени три тестирања за кои исто така очекуваме резултати, истакнаа од Здравствен дом „Гоце Делчев“ во Делчево.

Од таму упатија апел да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19.

Заклучно со денешниот ден, во Делчево има шест активни случаи на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

80,5% од починатите од Ковид-19 во Македонија имале претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест

32 лица во Македонија починале од Ковид-19 надвор од болница

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинетите тврдат: Диво насеље е сценарио во режија на Али Ахмети и Никола Груевски

Редакција

Осудениот во „Диво насеље”, Халачи и пратил материјали на Фетаи за случајот ,,Монструм”

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 204 лица, 180 се приведени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница