еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините и дизелот поевтинуваат за 0,50 денари

Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ ќе се намалат за 0,50 денари за литар, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според РКЕ, цената на еуросупер БС-95 ќе биде 59,50 денари за литар, на еуросупер БС-98 61,50, а на еуродизел 52 денара.

Екстра лесното масло за домаќинство и натаму ќе чини 52 денара за литар.

Зголемување ќе има само кај малопродажната цена на мазутот, за 0,244 денари, која од ноќеска на полноќ ќе изнесува 26,365 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Фармахем“ го доби тендерот на Клиничка болница Битола за набавка на реагенси вреден 200.000 евра

Редакција

Продолжува трендот на бегство на работници од Непал од Македонија, „исчезнале“ четири девојки од Маврово

Редакција

Индустриското производство зголемено за 3,6%

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница