еМагазин
Бизнис

„Дебарски бањи-Цапа“ со загуба од 28,9 милиони денари за шест месеци

„Дебарски бањи-Цапа“ АД Дебар во шесте месеци од 2020 година од пружените услуги за бањско лекување и рехабилитацијакако основна дејност како и хотелиерство и угостителство и други споредни дејности оствари негативен финансиски резултат од 28,9 милиони денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Во истиот период од претходната 2019 година е остварен негативен финансиски резултат од 6,4 милиони денари. Вкупните приходи во период 01.01.-30.06.2020 година изнесуваат 22,8 милиони денари и се остварени во висина од 39% во соодност со истиот период од претходната 2019 година.

Вкупните трошоци од редовното работење до 30.06.2020 год. изнесуваат 51,278 милиони денари и се помали за 10% во однос на 30.06.2019 година.

Притоа останатите финансиски показатели како што се степенот на финансиска сигурност, степенот на самофинансирање и општата ликвидност се на доста ниско ниво.

Со оглед на фактот дека друштвото има сезонски карактер на работењето, остварените резулатати во првите шест месеци од тековната 2020 година се незадоволителни.

Во наредните месеци од 2020 год. кои се и месеци на главната сезона, Менаџметот на друштвото ќе настојува да го подобри резултатот од работење во однос на првите 6 месеци од оваа година“, информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продаден блок-акции од ТТК Банка за 83.000 евра

Редакција

Тетекс ја дуплираше добивката во првите девет месеци

Редакција

Буџет за 2019 година: Новата Оперативно-техничка агенција доби 50,1 милиони денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница