еМагазин
Image default
Локално

Во Велес вработен во обезбедувањето на казино физички нападнат со остар предмет

Синоќа околу 21.30 часот во СВР Велес било пријавено дека вработен во агенција за обезбедување, додека бил на работното место во казино во центарот на Велес, бил физички нападнат од Д.С. од Велес.

Како што појасни Димитар Каракулев, самостоен инспектор за превенција при СВР Велес, лицето не сакало да стави заштитна маска при влез во казиното.

Според пријавеното, напаѓачот  Д.С. употребил и остар предмет, но лицето од обезбедувањето го одбило нападот.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, појаснува Каракулев.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија во Куманово: Почина 13-годишно девојче откако и паднала статива во Соколаната

Редакција

Рекордни 2.778 повици за помош поради невремето

Редакција

Полицијата зачестено открива мешавина од парацетамол и кофеин кај дилерите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница