еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Маричиќ за правда, Царовска за образование, Николовски и Димитров вицепремиери: СДСМ ги соопшти кадровските решенија

Лидерот на СДСМ и иден премиер, Зоран Заев синоќа по завршувањето на седницата на Централниот одбор на СДСМ ги соопшти кадровските решенија на партијата за новата влада.

Министер за внатрешни работи ќе биде Оливер Спасовски, за одбрана Радмила Шекеринска, а за правда Бојан Маричиќ.

Благој Бочварски ќе раководи со Министерство за транспорт и врски, Јагода Шахпаска со ресорот за труд и социјална политика, а Ирена Стефовска ќе биде нов министер за култура.

Венко Филипче останува министер за здравство, вицепремиерката Мила Царовска ќе раководи со Министерство за образование и наука, а досегашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров ќе биде вицепремиер задолжен за европски прашања.

Фатмир Битиќи ќе биде вицепремиер за економски прашања, а Љупчо Николовски вицепремиер за борба против корупцијата.

Од редовите на Коалицијата „Можеме“, која ја предводи СДСМ доаѓаат и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство определен од политичката партија БЕСА, како и министерот за локална самоуправа од ЛДП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи за надворешни, Бесими за финансии, Груби прв вицепремиер: ДУИ ги соопшти кандидатите за министри

Средба на лидерите на партиите од „Можеме“: БЕСА го доби Министерството за земјоделство

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За една недела 154 смртни случаи од Ковид-19 во 29 градови, најмногу во Скопје

Редакција

Ќе се обелоденат ли имињата на кандидатите за директор на ОТА и на Државниот завод за ревизија?

Редакција

Пожарот во Мариово делумно ставен под контрола, дождот помогна во гаснењето

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница