еМагазин
Image default
Македонија

„Народни изедници“: Милчин за предлогот за 5 потпреседатели на Собранието

Со реакција за предлогот Собранието да има дури пет потпреседатели на Фејсбук реагираше и режисерот Владимир Милчин.

„Штом прочитав дека нашето Собрание ќе има 5 (пет) потпретседатели, се сетив на два подзаборавени збора што ги употребуваа дедо ми Коста и татко ми Илија:

Арамолепци и изедници.

Ги побарав во Толковниот речник на македонскиот јазик и, види чудо, ги најдов:

Арамолебец, мн. арамолепци: Неработник, легач, мрзлив човек.

Изедник, мн. изедници: 1. Тој што многу јаде, ненаситен, лаком. 2. (прен.) Тој што живее на туѓ грб, експлоататор. Народни изедници.

Да, така пишува во речникот. Народни изедници! Да се радувам што народецов наш толку точно ги дефинирал тие што му ја јадат не само душата, за тоа има збор душовадник, или да колнам што архаизмите не ја изгубиле актуелноста.

Минатото ни е сегашност, се прашувам што ќе ни биде иднината. Знае ли некој колку пари нè чини законодавната власт, па извршната власт, па градоначалниците, па општинските советници, па судската власт, па…

Нема крај. Но има дно. Кај Максим Горки, На дното!“, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Пет? Ајде, можете вие и повеќе!“, Куновска за предлогот за 5 потпреседатели на Собранието

„Не се шетајте у околина на Жена парк може потпреседател на Собрание да ве стаат“: Твитер реакции

Вељаноски: Нема економска оправданост и причина за пет потпретседатели на Собранието

Фото: Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По Мијалков и Камчев излегува од притвор со гаранција од скоро 11 милиони евра

Редакција

Латас се извини: Целта е да ме тргнат од јавноста

Редакција

Заев откако ќе ја слушнал новата „бомба“ за Рашковски ќе одлучел дали ќе бара оставка од него

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница