еМагазин
Image default
Македонија

Од 80 пациенти на Инфективна клиника, 54 се на кислородна поддршка

Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се осум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 54, нема пациенти на механичка вентилација.

„Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 7  позитивни деца, една мајка и едно дете суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 107, позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 89 заболени со корона вирусот од 1.529 тестирања, најмногу во Скопје

Починаа седум лица од корона вирусот, вкупната бројка до сега изнесува 585

Убава вест: Оздравени 215 пациенти од корона вирусот, најмногу од Скопје и Штип

Само три скопски општини со над 100 активни случаи на заболени од корона вирусот

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антонио Јолевски e нов претседател на Советот на јавни обвинители

Редакција

Ариф Асани именуван за заменик-директор на Агенцијата за национална безбедност

Редакција

По техничари и контролори на летови во М-НАВ ќе поднесат оставки, најави Тасевски, кој беше повикан во полиција поради поплаки од директорите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница