еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието, бидејќи е непотребен трошок

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев изјави дека ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието, бидејќи тоа е непотребен трошок што ќе го плаќаат граѓаните.

-Јавно кажавме од собраниската седница дека е премногу и дека е непотребен трошок сето ова што се прави, рече Јанушев за вестите на ТВ Сител.

На прашањето, дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на седницата во која ќе се дискутира за новиот состав на владата, Јанушев изјави дека ќе се спротивстават на лошите политики кои ги спроведува СДСМ и Зоран Заев, додавајќи дека кадрите кои што се понудени се стари и истрошени кадри.

-Ќе се спротивставиме на се ова што се обидува СДСМ да го направи повторно во државата. Го слушнавме Заев како кажува дека ова се убедливо најдобрите кадри со кои што располагаат, претпоставувам мислеше на тоа најдобрите кадри со кои што раководството на СДСМ сега располага, бидејќи речиси сите се истите од претходно, оние кои дел од она криминално рекетарска банда која што буквално ја уништи државата, и сега сакаат со буквално истите кадри да продолжат понатаму, рече Јанушев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Не се шетајте у околина на Жена парк може потпреседател на Собрание да ве стаат“: Твитер реакции

„Народни изедници“: Милчин за предлогот за 5 потпреседатели на Собранието

„Пет? Ајде, можете вие и повеќе!“, Куновска за предлогот за 5 потпреседатели на Собранието

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чулев вели дека не се од неговиот тим: Полициски службеници на распит во Обвинителството

Редакција

Регистрирани 597 прекршоци за неносење маски

Редакција

Иванов: Никој не го спречува Собранието да го повтори направениот преседан

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница