еМагазин
Image default
Локално

Почина жител на Чајле, додека возел велосипед го удрил автомобил

Едно лице починало од здобиените повреди во сообраќајна несреќа што се случила во гостиварското село Чајле.

Според информациите на СВР Тетово, синоќа околу 21 часот на регионалниот пат Гостивар-Чегране автомобил „ауди“ со гостиварски ознаки удрил во О.О. (72) од Чајле, кој се возел со велосипед.

При ударот, велосипедистот се здобил со повреди, по што бил пренесен во гостиварската општа болница. Заради тежината на повредите тој бил препратен на скопските клиники каде околу 22:30 починал.

Возачот на „аудито“ Ј.И. (23) е задржан во полициска станица, а екипа на ОВР Гостивар извршила увид на местото на настанот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјани ги очекува пеколен метеж: Во наредните 40 дена градежни работи на мостот „Гоце Делчев“

Редакција

Нови две деца и еден возрасен со мали сипаници, досега хоспитализирани 26 лица

Редакција

Охриѓанец наседнал на измама преку Фејсбук: Наместо да добие наследство изгубил 4.500 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница