еМагазин
Image default
Свет

Кина 15 денa без локална трансмисија на Ковид-19

Кина пријави 17 нови случаи на Ковид-19, додека претходниот ден имаше девет, соопшти денеска Националната здравствена комисија.

Сите нови случаи на заразени се потврдени кај патници од странство, така што Кина го регистрира 15-от ден без локално пренесени случаи на заразата.

Бројот на пријавени асимптоматски случаи е 19, додека претходниот ден имаше четири.

Во Кина од почетокот на пандемијата потврдени се вкупно 85.048 случаи на коронавирусот, а починале 4.634 лица.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Италија од 3 јуни ги отвара границите

Редакција

Кремљ ги нарече „помали демонстрации”: Полицијата уапсила над 1.500 демонстранти во Русија

Редакција

Руските сили влегле во областа Чернобил, можно оштетување на објектот за складирање нуклеарен отпад

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница