еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ученици се журкаат по кафулиња и паркови, а ќе имаат онлајн настава за да се зашитат од Ковид-19

Последниот случај со кафулето во ТЦ Бисер во Скопје кое работело на „диво“, како и низата други кои му претходеа, кои доловија пластично како младите се „журкаат“ без да ги почитуваат мерките за заштита од корона вирусот, покажува дека, и покрај воведувањето на онлајн настава, младите пак ќе се дружат и ќе се собираат без да се заштитат себе си, но и другите.

Истите тие ученици, по завршување на онлајн наставата, пак ќе се сретнат пред зграда, во маало, во парк, во кафуле… Учењето на далечина, не може да го запре нивниот физички контакт, што е и целта на мерката, онлајн настава.

Министерството за образование и наука најави дека средношколците на стартот на учебната година ќе имаат комбиниран тип на настава, согласно условите во училиштата.

„Сепак, ова е динамички процес, дали ќе продолжиме на истиот начин или ќе треба некои работи да се менуваат ќе се оценува во текот на годината, согласно епидемиолошката состојба и насоките на Комисијата за заразни болести“, изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Добро е што средношколците се изборија да имаат комбиниран модел на настава, а лошо е што до нив не се допре, за поголема свесност за почитување на мерките. Кафулињата кои дозволуваат прекршување на мерки се затвораат, но никој не може да ги спречи младите да се собираат и дружат.

Оттука, добро е доколку епидемиолошката состојба дозволи, учениците постепено да се враќаат во училиштата како што најави и министерот за здравство, Венко Филипче.

А, до тогаш, нека се најде начин да се допре до нив, за да се зголеми свесноста за маски и дистанца.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 848 оздравени од Ковид-19

Редакција

Беса нема да оди на средбата со Рама, не сакале да седат на иста маса со ДУИ

Редакција

(Фото) Прогласени победниците на Златно тркало 2025: Кои се најпосакуваните автомобили во Македонија?

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница