еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Галерија) Признанието за хуманост „Св. Мајка Тереза“, Филипче го посвети на сите здравствени работници кои се борат против Ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче и Министерството за здравство добија посланија „Св. Мајка Тереза“ за 2020 година и статуетки за хуманост од Граѓанската Асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“.

Вакво признание добија и директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби,  Милена Стевановиќ, директорот на Градската општа болница „8 Септември“,  Христијан Костов и директорот на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, Ангелчо Андоновски.

По повод 110 години од раѓањето на Св. Мајка Тереза, граѓанското здружение оваа година го посвети настанот на институциите и здравствените работници кои во овие моменти се во првите борбени редови во спасувањето на секој човечки живот и справување со Ковид-19.

„Здравствените работници и соработници покажаа и докажаа како се работи пожртвувано. Докажаа дека во нивните принципи на работа ги имаат вградено постулатите на почитуваната Мајка Тереза. Ви благодарам за почитта. Со истата енергија ќе продолжиме и понатаму да работиме за да обезбедиме најдобар третман за нашите пациенти“, потенцираше Филипче.

Наградата „Послание за хуманост“ и статуетка со ликот на „Св.Мајка Тереза“ е востановена во 1999 година од граѓанското здружение „Скопјанката Мајка Тереза“ од Скопје. Признанијата се доделуваат во рамки на деновите на Мајка Тереза кои се одбележуваат во чест на нејзиниот роденден, а централната манифестација се одржува на 5 септември, денот на нејзиното упокојување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчкиот министер Никос Папас задоволен од виното, мезето и музиката во Северна Македонија

Редакција

Платформа за родова еднаквост: Скандалозен однос на Јавното обвинителство кон кривичните дела од „Јавна соба“

Редакција

Штипскиот градоначалник за доктор Стојановски: „Не напушти голем човек, доктор, татко и пријател на сите штипјани“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница