еМагазин
Балкан

Косово и Србија утре во Брисел ќе почнат преговори за меѓусебно признавање, тврди косовскиот премиер

Косовскиот премиер Авдулах Хоти најави дека утре во Брисел ќе започнат преговорите меѓу Косово и Србија за меѓусебно признавање на двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку обjава на својата страница на Фејсбук, Хоти порача дека договор со Србија ќе се постигне единствено кога тој ќе се заокружи со меѓусебно признавање.

„Нема да има меѓудоговор или парцијален договор кој не го решава проблемот засекогаш. Ќе има само конечен договор за меѓусебно признавање, кој е систематски и во кој ќе бидат адресирани сите прашања кои треба да се решат меѓу две независни држави, врз основа на меѓународните конвенции, стандарди и практики за регулирање на односите меѓу две независни држави“, напиша Хоти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разногласие: Каков договор и со кој потпишаа Србија и Косово

МИА/Фото: Фејсбук/Хоти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Партијата на Борисов предложи денот на Св. Кирил и Методиј – 24 мај, да биде национален празник на Бугарија наместо 3 март

Редакција

(Видео) Санторини не престанува да се тресе, синоќа регистриран најсилниот земјотрес до сега

Редакција

Поддржано од ЕКО Грција дел од HELLENiQ ENEREGY: Стартува ЕКО Рели Акрополис – „Рели на Боговите“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница