еМагазин
Македонија

Втор смртен случај од Ковид-19 во Делчево

Втор смртен случај од Ковид-19 во Делчево. Втората жртва на коронавирусот е 86-годишен пациент кој починал, откако по позитивниот тест неодамна бил примен и лекуван во болнички услови.

-Пациентот пред тестот имаше влошена здравствена слика, поради што мораше да биде препратен на болничко лекување. За жал се што можеме да изјавиме во врска со тоа е да упатиме сочувство до семејството на починатиот наш сограѓанин, истакнаа здравствените надлежни.

Ова е втор смртен случај од почетокот на пандемијата. Првиот беше регистриран во месец мај оваа година.

Во Делчево денес е регистриран еден нов случај на Ковид-19, што е драстично намалување од претходните два дена кога заедно со Македонска Каменица имаше вкупно 20 новозаболени.

Во околните градови Берово и Пехчево денеска се регистрирани осум оздравени пациенти, додека нема нови позитивни на коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, активни на болеста 29 лица

12 чешки полицајци од граничната полиција во Гевгелија позитивни на Ковид-19

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

71 пратеник ќе водат „ЗА“ кампања за референдумот за името, Антонио Милошоски за сега единствен што ќе води кампања за бојкот

Редакција

Продолжува судењето за „Рекет“: Ќе сведочи поранешната обвинителка на СЈО, Лиле Стефанова

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 823 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница