еМагазин
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Видео+Фото) Двајца струмичани со „Застава 101“ од 1974 извозеа од Струмица до Лондон

Драган Крстев од струмичкото село Ангелци и неговиот братучед Љубиша Велиновиќ со „Застава 101“ од 1974 година извозеа од Струмица до Лондон, Велика Британија, пренесува локалниот портал Струмица денес.

Тие тргнаа од Струмица на 3. септември, а во Лондон пристигнаа на 6. септември.

Патот им поминал скоро без никакви посериозни проблеми во врска со автомобилот, пишува порталот.

Posted by Dragan Krstev on Недела, 06 септември 2020

Крстев живее и работи во Лондон каде има механичарска работилница и свој возен парк, но желбата да се врати со возило со кое ги имал првите почетоци во возењето и како механичар, го понесе со ваков автомобил да вози и по лондонските улици, пишува локалниот порталот Дрнка.

„Застава 101 е првата моја автомобилска љубов. Беше на татко ми кој ме учеше како да возам, како да менувам гуми, како да поправам одредени дефекти. Кога станав полнолетен стана моја и имам многу спомени со овој тип на возило.

Потоа животот ме однесе во Лондон, Англија каде сум веќе 20 години и постојано имав желба да си имам свој 101 и таму. Го купив во Македонија, го стегнав и еве се враќам за Лондон„, изјави за порталот Крстев пред тргнувањето.

Фото/видео: Фејсбук/Крстев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шолц од Скопје: Пристапните преговори со Македонија треба да почнат и јас ќе се заложам за тоа

Редакција

Доктор Беќаровски: “Синофарм“ е идеална вакцина за тие што прележале Ковид-19, ама има две маани

Редакција

(Фото) Браво: Девојка од Скопје донираше крвна плазма за лекување на заболени од коронавирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница