еМагазин
Image default
Македонија

Хронично болните се враќаат на работа: За кој не важи одлуката на Владата

Владата на седница го усвои предлогот на Комисијата за заразни болести за враќање на работа на хронично болните, со исклучоци.

– Вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи.

Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување, информираат од владината прес-служба.

Во рамки на седницата е одлучено бремените жени да продолжат да ги користат владините мерки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груби: ДУИ не е за избори, сега размислуваме за храбрите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои би застанале зад договорот со Грција

Редакција

Мијалков го бараат за да му дадат решение за куќен притвор, ама не можат да го најдат

Редакција

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница