еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Собранието може да почне со работа: Постигнат договор помеѓу партиите за распределба на комисиите

Најверојатно утре ќе заседава собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата со која претседава пратеникот Костадин Костадинов, од СДСМ и на која на дневен ред ќе биде составот на парламентарните комисии.

Костадинов за МИА потврди дека пратениците во Собранието постигнале договор за тоа која пратеничка група со која комисија ќе претседава.

Пратениците од СДСМ ќе претседаваат со осум собраниски комисии, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ исто така со осум, ДУИ со три вклучувајќи ја и Комисијата за уставни прашања, со која претседава претседателот на Собранието, пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе претседаваат со две комисии, а Беса со една.

Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ го потврдува договорот потенцирајќи дека неговата пратеничка група ќе претседателствува со истите осум комисии како и минатиот состав. Вели дека пратениците од опозициската партија ќе учествуваат на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и на пленарната седница на која треба да биде потврден составот на комисиите.

Собранието иако конституирано, не можеше да ја започне својата работа по законските текстови бидејќи парламентарните партии не можеа да постигнат договор за претседавањето со парламентарните комисии.

Исто така, еден од пратениците на ДУИ е болен од Ковид-19, па така во одредени ситуации може да биде доведено во прашање и мнозинството во Парламентот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меѓу нив и Митко Чавков: На отпуст од 30 дена пуштени петмина осуденици од затвор, осудени за настаните од 27. април

Редакција

„Фабрика Карпош“ му го презеде приматот на „Пуцко Петрол“ според вредноста на добиените тендери од општините во 2018 година

Редакција

Раст на прометот и бројот на трансакции на Македонската берза во април

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница