Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска најави ребаланс на Буџетот од следната недела.
„Ребаланс на Буџетот најверојатно ќе има. Ги чекаме проекциите на Министерството за финансии. Верувам дека во текот на наредната недела ќе се донесе одлука.
Имајќи предвид дека и со третиот сет како Министерство, добивме највеќе средства во однос на другите институции, сепак, ако има потреба, ќе се креираат итни мерки за што имаме финансиска можност преку распределба на ние можеме и внатре во нашата институција да распределиме средства за да им излеземе во пресрет на компаниите“, информира Бектеши.