еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приведен гостиварецот осомничен за грозоморното убиство на сопругата

По повеќе од триесет часа потрага, полициски службеници од ОВР Гостивар го обезбедија и приведоа Б. И (67) осомничен за убиство.

Според полициски извори, тој бил фатен во близина на локален пат помеѓу гостиварските села Страјане и Трново попладнево околу 16 часот. Со потрагата ставен е крај на неизвесноста околу крајниот исход на драматичниот настан кој започна вчера од рано утро.

Попладнево, по лишувањето од слобода Б. И ќе биде задржан во полициска станица Гостивар. По сослушувањето, најверојатно утре ќе биде предаден на судија на претходна постапка со соодветен поднесок, а тоа било кривична пријава за убиство.

Гостиварецот, непосредно по откривањето на телото на неговата сопруга исчезнал и според пријавата бил единствен осомничен за убиството и беше покрената потрага.

Настанот ја вознемири гостиварската јавност, најмногу поради жестокоста и начинот на кој е извршено убиството.

Според ОЈО шеесет годишна Џ.И. била најдена мртва со соба од семејната куќа со повеќе рани нанесени со секира и нож. Според првичните информации, до трагедијата дошло по настаната расправија поради нарушени меѓусебни односи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за грозоморното убиство во Гостивар: Синот ја пронашол масакрираната мајка

Гостиварчанец ја убил сопругата и избегал

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Контакт бизнис“ го доби тендерот за привремени вработувања во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вреден 253.000 евра

Редакција

„Песна над песните“ избор од поезијата и размислите на Ацо Шопов, ќе биде промовирана во четврток

Редакција

ДУИ есенва може да преземе чекори за дестабилизација на државата, вели Мицкоски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница