еМагазин
Image default
Македонија

До Нова година закон, за пописот да се спроведе во април 2021 година, најавува министерот Маричиќ

Министерот за правда Бојан Маричиќ најави дека до крајот на годината ќе биде донесен закон за попис, кој ќе претрпи мали измени во однос на претходното решение кое беше во собраниска процедура пред изборите и тоа во делот на одредбата за стапување во сила, за пописот да може да се одржи во април 2021 година пред локалните избори.

„Ние имаме цврста определба и коалициски договор за спроведување на пописот идната година. Тоа е впрочем и делод коалицискиот договор меѓу Коалицијата Можеме и ДУИ.

Законот беше доставен во Собранието пред изборите, како Влада остануваме повторно ќе го предложиме во собраниска процедрура, ќе има измени во роковите, бидејќи оригинално кога беше предложен требаше да стапи во сила година дена откако ќе биде донесен. Сега нема време за толку чекање, бидејќи за година дена отприлика ќе бидат локалните избори. Определба на Владата и на ДЗС пописот да се спроведе пред локалните избори“, рече Маричиќ.

Верувам, додаде министерот за правда, а на тоа ќе работиме во наредниот период, дека до крајот на годината ќе биде донесен закон за да може во април 2021 година да биде спроведен пописот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По Мијалков, укинато обезбедувањето и на Тодоров, право на обезбедување се уште има Груевски

Редакција

Регионални вакцинални пунктови ќе се отворат и во Струмица, Прилеп и Велес

Редакција

Eвропската комисија „не може многу да направи тука“, но очекува дополнителни објаснувања од Унгарија за одлуката за азил на Груевски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница