еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

„Finance Think“ предлага по 14.934 денари по вработен за компании најпогодени од Ковид кризата

Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“ предлага враќање на мерката 14.500 денари по вработен за дејностите кои биле најсилно погодени од кризата предизвикана од пандемијата со Ковид -19.

Поточно, предлогот на „Finance Think“ е да се доделат 14.934 денари месечно по вработен за компании кои во периодот јули – септември имале пад на приходите во однос на периодот април-јуни.

Компаниите ќе треба да се обврзат на 1 октомври да имаат најмалку ист број вработени како на 30 јуни и да го задржат истиот број вработени во рок од три месеци по завршување на мерката, односно до март следната година.

Очекувањата се дека со оваа мерка би биле опфатени 68.568 работници. Месечниот трошок за реализација на мерката би бил 16,6 милиони евра, а вкупниот трошок 100 милиони евра. На работа би се вратиле 11 илјади работници што, според проценките на Институтот, е една четвртина од нововработените.

Со реализација на мерката би имало и дополнителен приход во Буџетот врз основа на данок на личен доход и придонеси од најмалку 7,2 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Кредити до 10.000 евра за невработени лица кои сакаат да отворат сопствен бизнис

Редакција

Градот Скопје почнува со присилна наплата на данокот на имот и фирмарина за 2019 година

Редакција

Граѓаните во услови на пандемија имаат проблем со остварување на правото на надоместок на помош и нега од друго лице

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница