еМагазин
Image default
Локално

За еден ден санкционирани 346 возачи во Скопје, од кои 28 мотоциклисти

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 346 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола на 17 лица, а за пречекорување на дозволената брзина на движење 150 прекршоци, за нерегистрирани возила 24, информира МВР.

Санкционирани се 28 мотоциклисти, а одземени се три мотори, изречени се 54 мерки за непрописно паркирани возила, а 29 возила се подигнати со пајак. Изречени се и 48 санкции за неносење заштитна маска.

Од МВР посочуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, се наведува во соопштението.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Работник од Прилеп почина од повреди здобиени на работно место

Редакција

Кривична пријава за непочитување на забрана за градба во Гостивар

Редакција

Приватните превозници наплатувале билети, а парите не ги пријавувале, обвини Арсовска и најави нов јавен повик

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница