еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поскапуваат за 2, а дизелот за 0,50 денари

Малопродажните цени на еуродизелот и екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 0,50 денари и од вечерва на полноќ ќе изнесуваат 49,50 денари за литар, додека на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за два денара.

Малопродажната цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 60,50 денари за литар, а на еуросупер БС-98 ќе изнесува 62,50 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според РКЕ, малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,762 денари и ќе изнесува 25,311 денари за килограм.

„Одлуката за зголемување на цените на нафтените деривати е резултат на растот на берзанските цени кај сите нафтени деривати во изминатата недела. Клучна причина за овој тренд се негативните ефекти од ураганот Сали во Америка, поради кој од минатата средата се затворени рафинериите во Мексико, со што е стопирано производството, а залихите се на минимум.

Од друга страна пак, во овој период побарувачката од лесни деривати е зголемена, а поради ограничената понуда во текот на изминатата недела на светските берзи се регистрира значителен раст кај бензинските фракции и тешките мазива“, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лани на работно место регистрирани и два случаи на сексуално вознемирување, а 30 на мобинг

Редакција

Зголемената инфлација во Македонија резултат на растот на цените на енергенсите и храната на меѓународните финансиски пазари, велат од Народна банка

Редакција

Фондот за осигурување на депозити склучил договор со банките за обесштетување на граѓаните кои имаат депозити во „Еуростандард банка“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница