еМагазин
Image default
Македонија

Корона вирусот не го намали драстично бројот на деца кои се згрижуваат во струмичката градинка

Околу 30 отсто од вкупниот број на деца, кои се згрижени во клоновите на градинката „Детска радост“ во Струмица, денес не биле донесени од нивните родители, откако завчера беа регистрирани уште два нови случаи на заразени со Ковид-19.

Според директорот Васил Бубев, отсуство се забележува само во „Клон 3“, каде се појави заразата, додека во останатите има многу мало намалување.

-Засега само три деца се позитивни на тестот на Ковид-19 од групата од 11 деца во која беа овие дечиња. Јас останувам на ставот дека нема цврсти докази дека последните два случаи се заразиле од првото дете во градинката, на кое заразата му е пренесена од член на семејството.

Ние продолжуваме да работиме според утврдените прописи и протоколи и нема потреба од паника, рече директорот Бубев.

На 17 овој месец беше регистриран првиот случај на заразено петгодишно дете, а два дена подоцна уште две деца од истата група од градинката беа позитивни на тестирањето.

Децата од оваа група се во изолација, како и тројца вработени од градинката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дете од струмичка градинка позитивно на Ковид-19

Заразеното дете од струмичката градинка стави 11 деца и тројца вработени во изолација

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс градоначалникот на Битола Талески доби уште 2 години затвор за „Транспортер 2“

Редакција

Не штитете некој кој треба да е зад решетки, порачува Наталија сопругата на Андреја Ѓорѓиески

Редакција

СДСМ денеска бира ново раководство: Во партијата се враќаат старите кадри Игор Ивановски и Андреј Петров?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница