еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче најави враќање на рестриктивните мерки поради состојбата со Ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција најави евентуални нови рестриктивни мерки поради влошување на состојбата со Ковид-19.

Тој рече дека целта е да се избегнат рестрикции на движење и закочување на економијата, но ако е нужно, и тоа ќе се направи.

Доколку се влоши состојбата, како мерки кои во следниот период ги планира Комисијата за заразни болести се задолжително носење на маски на отворено, ограничен број на лица на маси во угостителски објекти, забранети групирања надвор и во семејствата, забранети настани, силни контроли, намалување на капацитетот на јавниот превоз.

„Ако сега се почитуваат сите мерки нема да ни треба никакви ограничувања. Ова се поблаги рестрикции за да не стигнеме до некои поригорозни мерки. Спремаме план бидејќи видовме искуство од другите земји,“ рече Филипче и додаде дека ќе се воведат ако се оцени дека корона вирусот неконтролирано се шири, а карантин не се планира.

Тој упати апел за почитување на мерките, за да не мора рестрикциите да ја закочат економијата што би значело губење на работни места, но и оптоварување на здравствениот систем.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сликата со убиените животни не доликува на институција којашто треба да се занимава со нивно одгледување, вели Спасовски

Редакција

Едно злато и две бронзи за Македонија на Интернационалната математичка олимпијада

Редакција

Петков од Брисел: Историјата е важна во односите на Бугарија со Македонија, но не е единствената тема

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница