еМагазин
Image default
Бизнис

Владата даде зелено светло за изградба на пруга до Албанија

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за изградба на железничката пруга Кичево – граница со Р. Албанија во две фази, и го задолжи Министерството за финансии да достави барање за изразување интерес до меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори за обезбедување на финансиски средства во износ од 426 милиони евра за финансирање на првата фаза од проектот делница Кичево – Струга, како и грант средства за техничка помош на овој проект.

„Владата ја усвои и Информацијата со која ја одобри апликацијата за тековни проекти на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје за финансирање преку грантови за техничка помош на Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (WBIF)“, сопшти владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вчера и денеска се увезува струја поради мал дефект на еден од блоковите во РЕК Битола

Редакција

Инвеститорите „МГ Фешен“ и МПЦ поднесоа барање за градежна дозвола за градење на првата зграда спроти „Холидеј ин“

Редакција

Во октомври раст на каматната стапка на депозитите, пад на стапката кај кредитите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница