еМагазин
Image default
Македонија

Штипското Инфективно одделение остана со двајца инфектолози

Штипската Клиничка болница остана со двајца инфектолози за пациентите од целиот Источен регион. Проблемот со недостиг на лекари на Инфективното одделение го решава со ротирање на лекари од другите одделенија.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека проблемот се појавил откако еден од инфектолозите заминал на боледување, а Општата болница во Струмица си го врати инфектологот во матичната болница, поради големиот број на новозарзени во овој регион.

– Работата ја менаџираме со сопствен кадар, заедно со интернистите и кардиолозите од нашата Клиничка болница се пополнуваат дежурствата на помош се повикуваат и дел од онколозите, коишто работат во болницата и оние четири општи лекари, кои ги имае примено и се секундарци и тие даваат придонес во работата на Инфективното одделение, вели Ѓеорѓијев.

Во моментов во регионалниот Ковид центар во Штип се хоспитализирани 35 пациенти и четворица се суспектни. Пациенти има од целиот источен регион, но според бројката доминираат од делчевскиот регион.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пендаровски разочаран: Наместо брза и темелна истрага за „Рекет“, надлежните си отидоа на одмор

Редакција

Референдумот што го предлага ВМРО-ДПМНЕ е нерелевантен, вели Ковачевски

Редакција

Продолжуваат судењата за „Маџар телеком“, „Титаник“ и „Титаник 3“ на СЈО

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница