еМагазин
Image default
ЖИВОТ

УХМР: Од утре локални поројни дождови

Во текот на наредните неколку дена, а особено утре, како резултат на циклонска активност, се очекуваат локални поројни врнежи од дожд, на места доста интензивни со над 30 литри на квадратен метар, во вид на невреме и проследени со засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

-Ваквите процеси можат да предизвикаат појави на течење и слевање вода низ градските улици поради неможноста за одведување на водата во толку краток временски интервал.

Исто така, поради очекуваниот интензивен дожд локално на некои места, можно е брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците, покрај кои посочуваме за внимателно движење, велат од УХМР.

За поголемите реки, додаваат, не постои опасност од нивно излевање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И денеска нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Редакција

Три дена ја нема Вања Ѓорчевска, во потргата се вклучи и Интерпол

Редакција

Проф. Трајковски: Деновиве стапката на смртност од Ковид-19 е 4,9%, многу повеќе од просекот за целото времетраење на епидемијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница