еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Митко Јанчев: „Дај Боже да сме сите како Зоран Заев, државата ќе ни стане Швајцарија“

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој е избран на функцијата како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на трибина порача дека држвата би доживеала прогрес доколку сите покажат флексибилност како премиерот Зоран Заев.

„Дај Боже сите да сме како Зоран Заев и да бидеме сите флексибилни и да можеме да работиме, ако од двете страни го постигнеме истото,  а и вие тоа го сфатите во општеството, државата ќе ни стане како Швајцарија“, рече Јанчев.

Тој претходно укажа неговиот став да не биде доживеан како навреда кон неговата партија, туку како негово лично мислење.

По партиските препукувања на денешната седница на советот на општина Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев јавно апелираше сите да ги надминат партиските интереси и нагласи дека само со работење во интерес на сите граѓани, може да се постигне добар резултат во општеството.

Posted by КТВ-телевизија on Петок, 25 септември 2020

Фото/Видео: Фејсбук/Јанчев/КТВ телевизија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Генералшабот категорично побара Армијата да не се злоупотребува за политички цели

Редакција

Проф. Трајковски: Идните бранови на Ковид-19, доколку ги има, би требало да бидат се послаби и со сé помалку жртви

Редакција

Има доволна количина на брашно за потребите на домашниот пазар, нема простор за паника кај граѓаните за непотребно купување, уверува Бектеши

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница