Последниот извештај на Институт за јавно здравје (ИЈЗ) покажува дека од 21 до 27 септември, регистрирани сe вкупно 890 нови позитивни случаи на Ковид-19 од 31 градови во државата што претставува намалување од 6,4% во однос на минатата недела.
„Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=315; 35,4%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кочани – 175,1 на 100.000 жители.
Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 9,2% или 0.6 % помалку во однос на претходната недела,“ се вели во извештајот ја ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
27 лица кои се заразиле со Ковид-19 неодамна патувале надвор од државата
Фото: Факултет за ветеринарна медицина