еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Прекорот на кикотливците“, книга од новата едиција „Магични приказни“

Во издание на Издaвачки центар ТРИ неодамна излезе од печат книгата „Прекорот на Кикотливците“ од ирскиот автор Роди Дојл, во превод на Мирјана Буразер Китановска.

Книгата е дел од новата едиција „Магични приказни“, поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

„Прекорот на Кикотливците“ е еден прониклив, мудар и забавен роман за сите возрасти. Оваа неверојатно смешна приказна започнува со еден сосем обичен човек кој работи како вкусувач на бисквити. Одејќи накај работа, господин Мек не знае дека тргнал и кон својата ужасна (и страшно смрдлива) судбина. Дали она што ќе му се случи е несреќа? Или за тоа се виновни палавите Кикотливци, малите суштества кои ги казнуваат лошите возрасни?… Одговорите можете да ги најдете на страниците на оваа весела приказна што ни ја открива вистината за тоа што им се случува на возрасните кои се однесуваат лошо со децата!

Роди Дојл е ирски писател, драматург и сценарист. Автор е на единаесет романи за возрасни, осум романи за деца и седум театарски претстави и сценарија. Дејствата во неговите дела главно се одвиваат во Ирска, особено во работнички Даблин. Стилот му е препознатлив по големата употреба на дијалози меѓу ликовите, напишани на сленг и ирско-англиски дијалект, со малку описи или експозиција. Темите што ги обработува разгледуваат од семејни и лични проблеми до поголеми прашања од ирската историја. Дојл ја доби Букеровата награда во 1993 година за својот роман „Педи Кларк ха-ха-ха“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште една магична приказна од ТРИ-„Поликсена со прасето“ од Бјанка Пицорно

Редакција

(Галерија) „МакеДокс“: Одржана премиера на „Тетовски самрак“ 

Редакција

По две години пауза, Саемот на книга повторно ги очекува групните и организирани посети на ученици

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница