еМагазин
Македонија

(Фото) Царовска на „Фејсбук“ ги објави распоредите на часови за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот по утврден распоред за секое одделение, подготвен од Бирото за развој на образованието.

Министерката Мила Царовска на својот Фејсбук ги објави распоредите со часови од прво до деветто одделение за наставата на телевизија и напиша дека едукативните содржини ќе бидат достапни за сите деца, а наставниците од утре ќе бидат во постојана комуникација со своите ученици.

Оваа година е различна од останатите. Апелирам до сите да ги следат здравствените протоколи и наставните планови. Да останеме безбедни, а притоа да им овозможиме на децата да продолжат да учат и да се разиваат, напиша Царовска на Фејсбук.

Според анализите на Министерството за образование и наука (МОН), околу 40.000 деца немаат соодветни ИТ-уреди и за нив алтернатива за следеење на наставата е физичко присуство во училиште, доколку тоа има дозвола, но и со согласност од родителите/старателите.

Ако нема согласност од нив, ќе бидат обезбедени печатени материјали кои наставниците ќе им ги доставуваат на родителите и ќе се емитуваат 15-минутни видеа од наставните часови на националниот сервис.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Максимално се трудев да ги почитувам мерките“: Мијалков се јави на Фејсбук

Редакција

Хакерски напад на Фејсбук страницата на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Редакција

Директорот на протоколот на МНР кој го згреши знамето на Словенија унапреден во амбасадор во Москва, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница