еМагазин
Image default
Техно

А1 Македонија со промотивна понуда за постпејд корисниците: Двојно повеќе интернет во пакетите за национален мобилен интернет

Постпејд корисниците на А1 имаат можност да добијат двојно повеќе интернет доколку преку апликацијата Мојот А1 активираат некој од пакетите за дополнителен национален мобилен интернет.

Водени од континуираната потреба за повеќе мобилен интернет на корисниците, телекомунициската компанија А1 овозможи промотивно зголемување на националните пакети за интернет, достапни преку мобилната апликација Мојот А1. Со активација на еден од пакетите со промотивен интернет корисниците добиваат двојно повеќе за иста цена и тоа со Net 2GB Promo за 149 денари корисниците добиваат 2GB мобилен интернет, со Net 4GB Promo за 199 денари корисниците добиваат 4GB, а со пакетот Net 10GB Promo за 299 денари корисниците добиваат 10GB.

Промотивната понуда може да се активира единствено преку Мојот А1 апликацијата што им овозможува на корисниците брзо и едноставно да го добијат потребниот интернет во моментот кога токму ним им е потребен. Промотивната понуда може да се искористи за еднократни активации, но и за пакети со автоматска реактивација.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Актерот Вилијам Шатнер, капетан Кирк од „Ѕвездени патеки“ стана најстарата личност што некогаш летала во Вселената

Редакција

Ги добивме националните претставници кои што ќе се натпреваруваат на глобалните Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Professional натпревари

Редакција

Центарот за дигитална трансформација „GoDigital“ ги поканува успешните ММСП да аплицираат за поддршка за дигитална трансформација

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница