еМагазин
Image default
Македонија

Ахмети на негово барање порано од предвиденото дал исказ за „Попис“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска бил во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, на распит за пропаднатиот попис во 2011 година.

Ахмети во Обвинителството дошол порано на негово барање, околу 8 часот, дал исказ и заминал, иако првично беше најавено дека ќе дојде во 10 часот, потврдуваат за МИА од Обвинителството.

Истрагата по предметот „Попис“ ја отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), за потоа да ја преземе ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

Случајот се однесува на пропаднатиот попис во 2011 година, организиран од владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Според СЈО, со стопирањето на пописот на населението тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кој сега е во бегство, Никола Груевски и неговиот коалициски партнер во владата Али Ахмети, нанеле штета на Буџетот во висина од 2,8 милиони евра.

МИА/Фото: Фејсбук/Ахмети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Левица: „Овој договор, во ниеден случај не значи коалицирање, и е со единствена цел – да се урне хибридниот режим на ДУИ и СДСМ“

Редакција

Судскиот совет да го преразгледа работењето на судијата, порача Мицкоски за пресудата за смртта на Теодора

Редакција

Девет новозаболени лица од корона вирусот во кумановско

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница