еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Од 8-ми октомври започнува официјалната програма на КИНЕНОВА на Телевизија 24

На 8-ми октомври започнува да се емитува официјалната програма на Меѓународниот фестивал „КИНЕНОВА“ на телевизија 24 под покровителство на VIVAX. Големото отворање на фестивалот ќе започне со Бранка Катиќ и нејзиното специјално интервју по повод фестивалот.

Бранка Катиќ оваа година е ѕвезда на КИНЕНОВА. Таа ја доби престижната награда на фестивалот за особен придонес во филмската уметност, а минатата недела на прес конференцијата на КИНЕНОВА се вклучи во живо од својот дом во Белград за да ги поздрави организаторите и да им се заблагодари за особената чест и за првата награда воопшто од Македонија.

Веќе од почетокот на октомври се емитува ретро програмата на Меѓународниот филмски фестивал КИНЕНОВА за оваа 2020 година. Ова петто издание се разликува со тоа што цел октомври на програмата на Телевизија 24 љубителите на филм ќе бидат во можност да го следат секој филм на фестивалот од своите домови.

Оваа година КИНЕНОВА ја има најобемната и најквалитетна програма до сега со филмови кои што се поместени во 11 програмски целини и тоа: Главна натпреварувачка селекција-Меѓународна конкуренција, Киненова ретроспектива, Посветено на Фернандо Труеба, Посветено на Билјана Гарванлиева, Фокус на Австрија, Награда Лукс на Европскиот парламент, Киненова независни, Киненова специјал, Вон конкуренција, Меѓународна конкуренција на куси филмови, Македонски куси“, изјави директорот Јовановиќ.

Фокусот е ставен на дебитантските режисери и европските филмови, особено на шпанската кинематографија. Во три филмови кои што ќе се емитуваат се појавува светски познатата актерка Пенелопе Круз.

Распоредот на филмовите и целокупната програма можете да ја проследите на следниот линк: kinenova.com.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во продажба првите 100 билети по поевтина цена за конференцијата за е-трговија

Редакција

Македонија 2025 објави повик за обука на наставници за ефективна настава по природни науки

Редакција

(Галерија) Revalid® ја промовираше новата револуционерна линија на производи против опаѓање на коса во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница