еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Инспекторите веднаш ќе може да затворат угостителски објекти кои ги кршат Ковид-протоколите

Доколку инспекторите утврдат прекршување на здравствените протоколи, ќе имаат овластување на лице место на правниот субјект да му изречат привремена забрана за вршење на дејноста во траење до 30 дена.

Ова го предвидуваат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести што ги усвои Владата на денешната седница, а ќе стапат во сила откако ќе ги прифати и одобри Собранието.

Со измените се зголемуваат ингеренциите и овластувањата на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт и на другите инспекторати на централно и локално ниво за справување со прекршителите на Ковид- протоколите.

Владината прес-служба информира и дека со новите законски измени ќе се зголемат паричните казни за прекршителите на здравствените протоколи. Висината на казните ќе биде во зависност од големината на правните лица (фирмите).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија од 5 ноември знаела дека Русија се подготвува за инвазија на Украина, откри Пендаровски

Редакција

Ќе воведе ли Македонија реципрочни мерки кон Косово: Најпогоден ќе биде извозот на доматите, пиперките и сливите

Редакција

За многу години: Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница