еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Патувачкото кино МакеДокс и годинава ќе патува и ќе посети неколку села

Магаренцето на МакеДокс, познато по својот инает, и годинава ќе патува и ќе посети неколку села, велат организаторите на фестивалот на документарниот филм.

„Сепак и во неговиот инает има зрнце разум и строго почитување на Протоколот за организација на настани. Заради сите пречки и затоа што сеното е набавено од Град Скопје, магаренцето годинава ќе се шета само по скопската околија,“ се вели во соопштението.

Годинава Патувачкото кино на МакеДокс ќе одржи проекции во:

08.10. Драчево (во паркот)

09.10. Радишани (ОУ „Ацо Шопов“)

10.10. Волково (СРЦ „Бранители“)

11.10. Горна Матка

12.10. Булачани (ОУ „Наум Охридски“)

Почеток на проекциите: 19 ч.

„Магаренцето ќе биде натоварено со содржини за деца и за возрасни, а во новите дисаги се кријат и неколку работилници и еко-акции. Се гледаме на проекции под ѕвездите и ги каниме сите пријатели од Скопје и скопско, кои сакале да нè посетат минатите години, а локациите им биле далечни, да ни се придружат и да ја осетат сосема поинаквата магија на патувачкото кино на МакеДокс,“ се додава во соопштението.

Протокол за публика:

– Задолжително носење на маска за секој посетител – влезот нема да биде дозволен без маски;

– Задолжителна дезинфекција на раце, на влез, за секој посетител;

– Задолжително мерење на температура на влез, за секој посетител.

Патувачкото кино на МакеДокс 2020 е поддржано од Град Скопје.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ресен слави со семејството на Ристо Георгиевски за новиот Хјундаи Тусон освоен на инстант лоз на Државна лотарија

Редакција

Избрани финалистите на НЛБ Групацијата во проектот #РамкаЗаПомош

Редакција

НЛБ Банка станува членка на WOBА – регионална невладина иницијатива за родова еднаквост на раководни позиции

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница