еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Трагедија: По удар од автомобил загина самохрана мајка на враќање од трета смена од фабрика во Штип

Четириест и шестгодишна самохрана мајка С.С. од светиниколското село Кадрифаково утрово загина кога го преминувала регионалниот пат Штип – Свети Николе, откако во близина ја оставил автобусот со кој се вратила од трета смена во штипска фабрика.

Во обид да го премине патот, била прегазена од возило што се движело од спротивниот правец. Како последица од ударот, жената починала на самото место.

Според СВР Штип, несреќата се случила во 6.27 часот. Им било пријавено дека на регионалниот пат кај село Кадрифаково, возило „форд фокус“ со светиниколска регистрација управувано од 43-годишниот Т.Г. од село Ерџелија, удрило во пешакот С.С. од село Кадрифаково.

Во незгодата, С.С. се здобила со повреди и починала на самото место. Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Свети Николе во содејство со јавен обвинител.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избегната трагедија: Пожарникари извлекуваа возач од превртено возило

Редакција

Реплек најавува уште поголем раст во 2024 година

Редакција

Арачиновец насилно грабнал 16-годишна девојка од нејзиниот дом

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница