еМагазин
Image default
Македонија

На ГП Табановце влегле 2.133 лица до 15.30 часот

Од полноќ до 15.30 часот денеска на граничниот премин Табановце во државава влегле 2.133 патници, од кои 1.496 странски и 637 македонски.

Излез од државата, пак, оствариле вкупно 1.589 патници од кои 816 странски и 773 македонски државјани, соопштија од МВР.

Владата синоќа ги извести граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со Ковид-19 пандемијата во регионот и големиот број нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР-тест, не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји.

Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР-тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба.

Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемиолошка состојба во регионот, соопштија дека во наредните деновите ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Северна Македонија, без ПЦР-тест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонските граѓани без ПЦР тест од денеска само во Косово, не и во Србија, Црна Гора и БиХ

Зголемена фреквенцијата на граничниот премин Јажинце со Косово, влегле околу 1.500 лица до 15 часот

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски специјалец сведочеше за случајот „Титаник“

Редакција

Медицински сестри од Инфективна поднеле отказ, Филипче ги убедува да останат

Редакција

Што содржи предлог-резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, со која бара државен консензус во преговорите со Бугарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница