еМагазин
Image default
Македонија

Денеска пресуда за тужбата за клевета на Рускоска против ВМРО-ДПМНЕ

Во Граѓанскиот суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за тужбата за клевета на обвинителката Вилма Рускоска против политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, за изборните спотови на партијата „Криминална приказна“ и „Штаб на лагите“.

Адвокатите на странките, по минатото рочиште, излегоа со спротивставени ставови во однос на тоа дали изборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ, биле за нарушување на угледот на обвинителката Рускоска, или пак тоа спаѓа во категоријата на слобода на говор.

Оштетното побарување на обвинителката Вилма Рускоска од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, за надомест на нематеријална штета изнесува 615 илјади денари.

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, најави дека ако ги добие, парите од тужбата за клевета против ВМРО-ДПМНЕ ќе ги донира за СОС Детското село.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За прв пат кај нас земена крвна плазма од двајца пациенти со која ќе се лекуваат заболени од корона вирусот

Редакција

Филипче: Во четврток одлука за евентуално враќање на рестриктивните мерки

Редакција

Ако албанскиот јазик е засегнат, плоштадите во Скопје ќе бидат полни, се закани Ахмети

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница