еМагазин
Image default
Македонија

Судот ја одби тужбата на Вилма Русковска против ВМРО-ДПМНЕ

Основниот граѓански суд-Скопје ја одби тужбата за клевета на обвинителката Вилма Русковска поднесена против Игор Јанушев и Христијан Мицкоски, односно против опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Тужбеното барање не е усвоено, а на странките во рок од осум дена ќе им биде доставена писмената пресуда, каде истата ќе биде и образложена.

Инаку, обвинителката Вилма Русковска покрена тужба за клевета против опозициската партија поради предизборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ кои се емитуваа за време на кампањата пред парламентарните избори што се одржаа на 15 јули годинава.

Во два рекламни спота „Криминална приказна“ и „Штаб на лагите“, обвинителката Русковска беше претставена како слуга на СДСМ.

Обвинителката Русковска во тужбата наведува дека преживеала анксиозност, душевна болка и загриженост, додека пак од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се бранеа дека доколку судот пресуди во нејзина корист, ќе се загрози слободата на изразување.

Адвокатот на обвинителката Вилма Русковска денеска изјави дека ќе почекаат да ја добијат писмената пресуда и соодветно на образложението во пресудата, на истото ќе се жалат.

Мета/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адвокатска комора: За да се заштитат интересите на граѓаните и државата, да престанат притисоците кон Уставниот суд

Редакција

Заев по средбата со Мицотакис: Преспанскиот договор ќе се спроведува со предвидената динамика

Редакција

Филипче: Утре Комисијата за заразни болести ќе дискутира дали се потребни дополнителни рестрикции

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница