еМагазин
Image default
Бизнис

Семејството Костовски ќе го обнови култниот ресторан „Кермес“ во скопскиот Градски парк

После 15 години во урнатини „Кермес“ повторно ќе се издигне. Семејството Костовски, кои се сопственици на овој објект најавуваат камбек во бизнисот со целосна изградба на некогашниот ресторан, објави телевизијата ТВ 24.

Олга Костовска за ТВ 24 ја потврди информацијата дека таа ќе биде одговорна за неговата обнова.

Засега сопствениците не откриваат колку ќе чини изградбата, повеќе информации најавуваат следните месеци.

До оваа одлука семејството дошло по повеќе години тапкање во место и спор со градот Скопје за дел од парцелите околу објектот, кој заврши во нивна полза.

Фото: ТВ 24

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е Бранка Славеска, новата директорка на “Тиквеш„

Редакција

Поевтинуваат горивата

Редакција

Од лични причини, Томислав Тунтев поднел оставка од функцијата директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница